| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе не носат во Европа, а се убиваат луѓе на улица како во Африка

Убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев е случај за кој на полицијата наводно и беа познати сторителите, но се уште не се наоѓаат зад решетки. Помина речиси една година од ова убиство, кое се уште не е разрешено.  Во декември се случи и убиството во Чаир на автобуска станица пред средно училиште каде почина 24-годишно момче. Момчето беше убиено со автоматско оружје, а и тогаш од МВР само објавија дека се на терен и работат на расчистување на случајот. Уште едно момче почина откако беше претепано и прободено на автобуска станица во Скопје – младиот Саздо. Убиство на Бојку… пукање во Ченто, во Арачиново, убиство во Сарај, убиство на улица во Мала Речица… Статистиката вели дека во 2017 година на подрачје на Р.Македонија евидентирани се вкупно 25 кривични дела „убиство“, што претставува зголемување од 47 % во однос на минатата година. 2018 година веројатно ќе заврши со ново зголемување… Да не ги споменуваме запалените автомобили – бројка која стана троцифрена.

Капак на се е синоќешното убиство во Скопје. Според МВР две лица се починати, едно лице се бори за живот по синоќешната престрелка на улица „Рузвелтова“ во Скопје.  Криминалната пресметка почнала пред објектот на СЈО на „Рузвелтова“ во Скопје. Непознати лица од автомобил во движење со рафали пукале во друг автомобил.  Возилото во кое се наоѓаале загинатите и повредениот било начекано веднаш по семафорите на крстосницата со „Партизанска“, по што бркотницата продолжила до наредната крстосница со „Орце Николов“, на 300 метри оддалеченост. На „Рузвелтува“ изрешетаното возило преминало во спротивната лента и се судрило првин со едно возило кое случајно поминувало, а потоа и со друго паркирано возило пред кафулињата кои се наоѓаат во близина. Напаѓачите веднаш избегале…Во петок навечер, кога кафулињата се полни, во период кога затвораат локалите и фрекфенцијата на луѓе низ улиците е голема, особено во овој дел на градот, се испукани над 30 куршуми од автомобил во движење.

Дали ладнокрвното убиство е поврзано со договарањата на криминалните структури пред референдумот?!

Ова е сликата за Македонија во изминатите две години. Земјата стана како Бејрут, пукање по улици, жртви, неразрешени убиства?! Чести рекет и кражби, огромен број на разбојништва и запалени автомобили. Вестите за овие криминали станаа секојдневие во нашата земја. Многу информации за тоа кој каде бил убиен, кој бил ограбен или жртва на насилство и рекет, но ниту една информација од МВР за тоа дека сторителите на овие дела ќе одат зад решетки.

Во Македонија безбедни станаа само криминалците, а граѓаните оправдано стравуваат за својот живот и својата безбедност.

Што се случува во земјата?! Додека зборуваме за европска Македонија, за нашите аспирации за ЕУ, а од друга страна се убиваат луѓе на улица како да сме во Африка. Ќе понесе ли некој одговорност за состојбата во која се наоѓа Македонија?! Граѓаните живеат во страв. Безбедноста не била на пониско ниво никогаш.

Сите проблеми во МВР се предизвикани токму од министерот и неговата политика за поставувањето на партиски кадар, а не професионалци на раководни функции во министерството. Министерството е пред целосен колапс, а безбедноста на граѓаните значително намалена. Дополнително на ова се надоврза и ослободувањето на криминалци и убијци со законот за амнестија. Ги вратија на улица, криминалот и убиствата отидоа во нагорна линија. Време е да се стави крај! Доста е! Граѓаните сакаат пред се безбедност на улиците! Кога тоа ќе се среди може да се разговара за чекор понатаму!

Скопје како Бејрут, седете дома за да бидете безбедни

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top