| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје како Бејрут, седете дома за да бидете безбедни

Kриминалната пресметка во која ноќеска загинаа двајца, а еден е тешко повреден, почнала пред објектот на СЈО на „Рузвелтова“ во Скопје. Непознати лица од автомобил во движење со рафали пукале во друг автомобил. Биле испукани над 30 куршуми.

Според првичните информации возилото во кое се наоѓаа загинатиот и повредените било начекано веднаш по семафорите на крстосницата со „Партизанска“, по што бркотницата продолжила до наредната крстосница со „Орце Николов“, на 300 метри оддалеченост. На „Рузвелтува“ изрешетаното возило преминало во спротивната лента и се судрило првин со едно возило кое случајно поминувало, а потоа и со друго паркирано возило пред кафулињата кои се наоѓаат во близина. Напаѓачите веднаш избегале.

Познат идентитетот на починатиот, уште еден им подлегна на повредите!

Скопје ноќеска наликуваше на Бејрут. Во петок навечер, кога кафулињата се полни, во период кога затвораат локалите и фрекфенцијата на луѓе низ улиците е голема, особено во овој дел на градот, се испукани над 30 куршуми од автомобил во движење. Чиста среќа е што не настрадал никој од случајните минувачи.Безбедноста во градот е на ужасно ниво. Седете дома за да не ве изрешетаат низ скопските улици. Пред само 4 дена во скопската населба Ченто со калашњиков беше извршен напад врз возило мерцедес, но за среќа возачот преживеа.

Престрелка среде Скопје, неофицијално едно лице загина, едно се бори за живот(фото)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top