| четврток, 6 декември 2018 |

Седуммина искасани во само три дена

Нема спас од кучињата скитници , кои во огромни глутници се движат на секое коже од градот. Според градоначалникот Шилегов, во Скопје има и до 8 илјади бездомни кучиња, а тој број е зголемен за уште седумстотини нови летово.

Само во последните три дена на различни локации искасани се седум скопјани. Последните два случаипријавени во МВР се случиле вчера и завчера. Околу 09,00 часот на улица „Шекспирова“ од куче-скитник во пределот на левата надколеница била касната М.К.(76) од Скопје. Вчеравечер околу 20,00 часот на булеварот „Партизански Одреди“ од куче  во пределот на левата надколеница било каснато малолетно девојче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top