| четврток, 6 декември 2018 |

Авион ја промашил пистата и слетал во море (Видео)

Патнички авион слетал во лагуна до меѓународниот аеродром Чук во Микронезија откако ја промашил пистата, соопштија официјалните претставници на аеродромот.

Никој од 35-те патници и 12-те члена на екипажот на авионот на Ер Ниугини од Папуа Нова Гвинеја не е сериозно повреден. Причината за несреќата не е позната, а властите наскоро ќе покренат формална истрага.

„Авионот се урна во лагуната, на 160 метри од пистата. Засега не знаеме зошто се случи ова и ќе покренеме истрага што е можно поскоро. Аеродромот не е затворен и продолжува да работи“, рече шефот на аеродромот Џими Емилио за Би-би-си.

Авионот се урна за време на краткото запирање на островот Вено на пат од островот Понпеи во Микронезија кон Порт Морсби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top