Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ги објави добитниците на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија
За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, на Ристо Лазаров, писател и новинар и на актерот Петре Арсовски.
Наградата за животно дело во областа на здравството му се доделува на проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог.
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во 12 часот во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


