| четврток, 6 декември 2018 |

Во Холандија спречен голем терористички напад

Седум лица се уапсени во Холандија под сомнение дека планирале голем терористички напад во земјата, објави тамошното обвинителство.

Според агенцијата АП, во вчерашното соопштение е наведено дека нападот бил спречен благодарение на истрага која траела со месеци.

Тешко вооружената полиција уапсила седум лица и тоа во градовите Арнем, кој се наоѓа на околу 100 километри од Амстердам и Вирту, кој се наоѓа на југот од земјата, во близина на границата со Германија и Белгија.

Истрагата со која е спречен нападот била покрената врз основа на разузнавачки податоци дека наводниот водач на криминалната група, 34-годишен Ирачанец, сакал да спроведе напад за време на настан на кој ќе соберат голем број луѓе, со цел да се предизвика масовна несреќа со голем број жртви, соопшти обвинителството.

Тие, наводно, сакале да користат бомби и пушки во нападот на големиот настан и да постават бомба во автомобил на друго место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top