| четврток, 6 декември 2018 |

Советникот на Заев демантира: Немаше физички напад, само вербален

По објавување информацијата дека се случил насилен инцидент поврзан со референдумот, советник на Заев физички нападнал две момчиња во Тетово ? До редакцијата на „Република“ со демат се јави и советникот Силвио Аврамовски. Во целост ви го прикажуваме дописот:

Почитувани, Не е точно дека сум нападнал некого физички напротив доцна попладнево јас бев вербално нападнат во Тетово од две непознати лица. На вербалниот напад бидејќи се почуствував и физички загрозен одговорив на ист начин вербално. Наводите во вашиот текст дека се случил физички контакт се невистинити, а истите можат да ги потврдат и камерите од околните локали. Очекувам дека овој демант ќе го објавите во целост. Силвио Аврамовски/

Неговите тврдења се спротивни со тврдењата на лицето кое за Република даде изјава дека физички биле нападнати од страна на Силвио.

Еден од напданатите од советникот на Заев: Го искина флаерот, ми замавна со тупаница и ме удри со нога во грб

Прв насилен инцидент поврзан со референдумот: Советник на Заев физички нападнал две момчиња во Тетово ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top