| четврток, 6 декември 2018 |

Судиите ќе лечат комплекси, а адвокатите и обвинетите ќе плаќаат за тоа

Во наредните месеци ќе следува битка на суети меѓу судиите, а на сметка на обвинетите и адвокатите од предметите на СЈО и случајот 27 ми април, кој го води докажаниот режимски судија Судијката Добрила Кацарска.

Имено, во трка кој попрво, а без докази ќе го осуди Груевски, а со надеж дека тоа ќе му обезбеди награда, пред се напредување во апелационот суд, судиите кои го судат Никола Груевски, додатно и фрустрирани на судијката Добрила Кацарска, многу блиска до СДСМ и Заев, свесни дека голем број адвокати се ангажирани во повеќе предмети го игнорирале фактот што Кацарска резервирала над 50 термини до јануари, закажале околу 15 рочишта во исто време, ден и саат со случајот 27ми април воден од Кацарска која во судот важи како судија над судиите, па и над претседателот на судот.

Анархија и страв на судиите во судот

Ова значи, судиите во организациски раштиманоиот основен суд 1 ќе си “покажуваат мускули” меѓусебе преку казнување на адвокатите ако не отидат на едно од рочиштата кое тие го водат.

Така на пример, ако адвокатите не отидат на рочиште на случајот “27 април” ќе бидат казнети од Кацарска, а ако отидат кај некој од другите судии, како на пример кај Осман Шабани и Огнен Ставрев, ќе бидат казнети од нив. Казните се 1000 евра или повеќе.

Ваква анархија во судот, ваква занесеност што побрзо судиите да осудат луѓе, политичари, независно што се невини и што немаат никаков доказ против нив, немало со децении.

Каков што немало ни ваков страв кај останатите судии кои не се блиски до СДСМ, и подготвеност да од страв пресудат како што ќе им соопшти политичкиот комесар за врски со владата.

И во време на ВМРО имаше слабости во судството, но сега е многу полоша работата, вонконтрола, како никогаш предходно.

Ваква валкана пракса различни судии од еден ист оддел, намерно да закажуваат рочишта на политички прогонуваните лица во исто термини со други судии нивни колеги во судот, за да после ги казнуваат нивните адвокати, кои пак ќе бараат штетата да им ја плати клиентот, немало дури ни во 1949 години.

Судството падна на најниски гранки во историјата на Македонија.

Судиите ја загубија човечноста и правичноста и ги води само личниот и партискиот интерес.

 Сите се обраќаат кај вистинскиот судија: Зоран Заев

Според денешните објави дека Австрискиот канцелар Курц разговарал со Заев да ја одложи пресудата на Никола Груевски за после референдумот, како и објавите во медиумите дека Ахмети и Бујар Османи барале од Заев, Груевски да биде ослободен заради национален интерес, само уште еднаш потврдуваат дека Заев е судот во денешно време, и тој како миленик на меѓународната заедница оценува кој и кога ќе биде затворен или осуден и колку.

Време на политички прогони и судења и распад на судскиот систем

Живееме во време кога пред очи ни се случуваат политички прогони поддржани од медиумите на владеачкиот режим кои шират пропаганда дека обвинетите се виновни, за народот да го прифати тоа како вистина.

И на сето ова никој не реагира.

Ова е време во кое има тотален распад на системот во судството, кој никој не го гледа или не сака да го види, а на Заев му одговара.

Амбасадорите дефокусирани и со промашена стратегија

Амбасадорите се целосно фокусирани на референдумот, претседателот на основниот суд Скопје 1 и поголем дел од судиите примаат наредби од Заев преку советникот на Заев за судство, довчерашен вработен во тој суд кој жари и пали во судот.

Судиите пак во трка кој повеќе ќе се докаже пред Заев дека најбрзо затворил вмровци со надеж дека тоа ќе му овозможи напредување во кариерата.

Амбасадорите освен што се дефокусирани и свртени кон референдумот, тие и не обрнуваат внимание на вонинституционалните активности на власта, од типот кој кому дава усни инструкции и наредби на релација политичари – влада, за тоа кој и колку да се осуди или ослободи.

Пензионирани судии кои никогаш не биле во политика, од Германија, Англија, Америка, Франција, Австрија… да ги проучат предметите и доказите и да ја информираат ЕУ

Амбасадорите се во тешка заблуда. Тие реформите ги гледаат само од аспект на менување на законите и забрзување на постапките, што речиси ништо нема да промени во правично и фер судење. Владата се ќе им исполни, но правично и фер судење нема да има.

Правично и фер судење може да има само ако судиите бидат мониторирани однадвор.

На пример ако ЕУ преку специјален проект донесе десетина  пензионирани судии од напредните земји членки на ЕУ, кои би ги прочитале и проучиле претходно преведените обвиненија, записници, докази, но и доказите, забелешките, укажувањата и сведоците на одбраната на обвинетите, како и процесните постапки и пропусти, и би одговориле на прашањето дали во нивната земја кон која стремиме со реформите, такви предмети со такви докази кои најчесто се или незаконски или само асоцијации, инсуиции и претпоставки, би поминале или не во нивните земји од каде доаѓаат. Само така ЕУ ќе добие реална слика за македонското судство.

Без тоа, ќе се менуваат закони, амбасадорите ќе се среќни дека нешто смениле во ова труло судство и ќе праќаат позитивни извештаи во нивните земји, а Заев преку советникот ќе испорачува пресуди кои судиите кои го загубиле интегритетот ќе ги потпишуваат.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top