| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од нападнатите од советникот на Заев: Го искина флаерот, ми замавна со тупаница и ме удри со нога во грб

Делевме флаери „Бојкотирам референдум“ со мојот другар, бидејки нели тоа е наше демократско право. При делењето мојот другар кога подаде флаер на еден дечко кој пред него го искина и вербално го нападна, јас отидов да видам што се случува, секако во одбрана на другар ми, истиот човек ме нападна и мене прво со тупаница ми замавна, а потоа со нога ме удри во пределот на грбот. За среќа дојде негов познаник и ја смири целата ситуација. Ние подоцна дознавме дека станува збор за лицето Силвио Аврамовски, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Случајот го пријавивме во полиција, а немилиот настан се случи кај зеленото пазарче во Тетово денеска во 11:50 часот, вели за „Република“ еден од нападнатите момчиња.

Република претходно објави за овој насилен инцидент во врска со претстојниот референдум. МВР засега молчи и не објавува никакви детали околу случајот, ниту дали е приведен сторителот на насилството. Се обративме и официјално да побараме информација, но се уште нема никаков одговор. Одлучивме да објавиме за инцидентот со оглед на фактот дека доцна вечерва стапува на сила молкот.

Прв насилен инцидент поврзан со референдумот: Советник на Заев физички нападнал две момчиња во Тетово ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top