| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Луѓето немаат доверба во Владата на СДСМ и Зоран Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Сител вели дека луѓето немаат доверба во Владата на СДСМ и Зоран Заев, немаат довера во институциите кои што ги управуваат владата на СДСМ и Зоран Заев. Според Мицкоски меѓу граѓаните на Македонија владее амбиент на недоверба и разичарување..

-Сосема погрешна теза користи власта, најчесто луѓе кои што се свесни дека неможат да го испорачаат тоа што го ветиле, кои веќе се чувствуваат како сериозни губитници се обидуваат вината да ја префрлат на другиот. Генерално она што се случува во Р. Македонија на 30 септември ќе биде и претставено практично, ќе ја видиме вистинската слика после 19 часот. Луѓето немаат доверба во Владата на СДСМ и Зоран Заев, немаат довера во институциите кои што ги управуваат владата на СДСМ и Зоран Заев. Имаме еден таков амбиент на недоверба и разичарување, бидејки претходните ветувања не се реализирани и сета таа акција ќе предизвика определена реакција, кога таа рекција ќе биде негативна на очекувањата на Зоран Заев, да има замена на тези и виновникот да биде некој друг. Ги одбиваме сите овие негативни тези и оваа негативна кампања. Во Македонија имаме многу проблеми тие проблеми ги коментираме со членството и граѓаните, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајки на прашањето дали неговата партија повикува на тивок бојкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top