На 27 септември во 19:00 часот Американците не треба да се движат пред Собранието на Република Македонија, а на 30-ти септември во 19:00 часот да не се движат ниту пред Собранието ниту на плоштадот Македонија во Скопје. Ова предупредување е објавено на официјалната страна на Американската амбасада во Скопје.
„Различни групи имаат намера да демонстрираат против претстојниот национален референдум за Преспанскиот договор за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи в недела, на 30 септември. Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови на земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада совтува да избегнува секакви области каде што може да се појават демонстрации”, се вели во соопштението на амбасадата на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст