Целосно изгоре товарното возило на патот кај Дебреште, Росоманско, во пожарот што избувна попладнево. За среќа во пожарот немало повредени.
Очевидци раскажуваат за МИА дека екипа на Територијалната противпожарна единица била на местото нанастанот најбрзо што може и интервенирала соодветно, но заради присуството на гориво во товарното возило, пламените јазици си го направиле своето. За среќа, пожарот не се проширил во околината. Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.
Како што информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, товарното возило е со скопски таблици, а по завршувањето на увидот нормализиран е сообраќајот на патот Градско-Прилеп, кој претходно од 15:50 часот се одвиваше наизменично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст