Во духот на славната традиција на Крушевскaта република, a инспирирани од Крушевскиот манифест кој ги повикува Македонците и Албанците на заедништво и заедничка борба против тиранијата, Левица на 30. септември ги повикува Албанците заедно со Македонците и сите останати етникуми, масовно да го бојкотираат референдумот, велат од партијата.
„Не дозволувајте да бидете излажани од валканата пропаганда дека овој референдум има врска со повисок стандард и влегувањето на Македонија во ЕУ. Овој референдум има една и само една цел а тоа е да ја внесе Република Македонија во НАТО, на грбот на македонскиот народ низ процесот на негово понижување, негирање и самоукинување. Да не дозволиме децата да ни гинат по светот за туѓи интереси“, се вели во соопштението.
Албанија е членка на НАТО од 2009 година па дали албанскиот народ е посреќен од македонскиот?, прашуваат од таму.
„Дали Албанија економски се развива, дали се градат училишта, болници, патишта, фабрики? Дали Албанците помалку се иселуваат? Не! Исто како Македонија и Албанија економски се распаѓа! Сите ние тука тивко умираме, заедно едни покрај други, странци сме во сопствените земји. Затоа национализмот и заблудата дека НАТО или некој друг ќе ни ја заврши работата дома треба да ги отфрлиме и да си ја земеме судбината во свои раце! Сите заедно и Албанци и Македонци! Заедно ќе ја изградиме оваа земја за сите подеднакво“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст