Дали вие реално мислите дека доколку биде успешен референдумот и доколку повеќето се изјаснат ‘за’ – веднаш ќе влеземе во Европската Унија? Па оваа влада имаше година и пол, не доби датум за преговори, а со темпото на работа на владата патот до Европската Унија ќе биде сличен на оној со Турција каде вечно ќе бидеме во чекалницата.
Ова во интервјуто за весникот „Независен“ го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
- Супер изгледа розевата слика на екраните и скапите реклами платени со народни пари, но тој сон во реалноста го нема. Ако пред парламентарните избори лажеа дека ќе дошол живот, сега лажат со работи и зборат за време кое ќе дојде, под услов сѐ да се одвива перфектно (што ви велам дека нема се случи), за период од 20 или 30 години. Сега нам ни се потребни резултати, а не да имаме нови загубени животи. Колку животи треба да потрошиме за да дојде подобро време? Мојата прогноза е дека референдумот нема да успее, бидејќи граѓаните не го одобруваат договорот, а за тоа е виновна власта. Целокупната политика на власта доживува дебакл, и овие денови практично тие се соочуваат со реалноста која покажува дека народот го отфрла со сила натурениот договор, нешто на што предупредував. Во таква една состојба оваа недела, власта и медиумските мегафони влегуваат во сценарио на наоѓање на виновници за тој нивен крах, односно сценарио за префрлање на вината, бидејќи вложени се пари, даден е зборот, но нема резултати, бидејки народот не наседнува на нивните лаги. Оваа е недела на лов на виновници, па затоа наутро ќе слушнете дека лошото ВМРО-ДПМНЕ има комитети за бојкот, веќе вечерта ќе чуете дека имало некаков раскол или нешто слично, невистина до невистина. Затоа сега интензивно ќе се трудат вината за пропаѓањето на политиките да ја префрлат на ВМРО-ДПМНЕ, кое мора да биде виновно за нивниот неуспех. Но, сега не е ниту 27 април 2017, ниту 2016 година, сега сме септември 2018 година и ВМРО-ДПМНЕ никако не може да биде виновна за неуспехот на нивниот договор. За тоа единствено е виновен Заев, кој го потцени народот – рече Мицкоски за „Независен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар