| четврток, 6 декември 2018 |

Амди Бајрам, Бекир Асани, убијци и криминалци се адути на Заев за “европска Македонија”

На премиерот Зоран Заев во кампањата за референдумот на 30 септември му се приклучија „познати личности“ како Амди Бајрам, Бекир Асани, Бајруш Сејдиу, објави Нетпрес. Нив им се приклучи и адвокатката Артене Исени која застапувшае дел од членовите на Кумановската група и други.

Амди Бајрам на почетокот на кампањата се огласи со прес конференција.

-Ние Ромите сме лојални и даваме се од себе, затоа сега Сојузот на Ромите заседаваше и ние ќе работиме за референдумот. Ќе гласаме ЗА, за Македонија и ќе има целокупна заинтересираност од сите Роми, рече Бајрам.

Значи Амди Бајрам кој сега е во првите редови заедно со Заев, кон крајот на 2012 година си поигруваше токму со СДСМ и нивните приврзаници, покажувајќи им среден прст кога тие изразуваа незадоволство од Буџетот.

Да се гласа ЗА повика и контроверзниот функционер на ДУИ, Бекир Асани, познат по повеќе инциденти и скандали во јавноста, на Фејсбук ги повика Албанците да гласаат „ЗА“ на претстојниот референдум за промена на името на државава.

Во интензивната кампања за позитивно изјаснување на референдумот на 30 септември, власта брутално ги вклучува сите свои апологети, без разлика, дали станува збор за влијателни јавни личности, политичари, професори, уметници, деца… Во таа агитација, непромислено се протнаа, и криминалци и затвореници, што секако претставува невешта и губитничка креација во мотивирање на граѓаните да го дадат својот глас „ЗА“. На фотографијата долу, колегијална поддршка за референдумот даваат затвореници, осуденици за убиство, трговија со дрога и оружје…

Од лево кон десно: Рубинчо Здравевски, осуден за убиство на колега полицаец. Филип Павловски, осуден за трговија со хероин. Дарко Велковски, долгодогишен затвореник за тешки кражби и трговија со дрога. Дејан Николоски Бурдата, осуден за убиство.

Во сето ова се најде и Артене Исени, адвокат на дел од членовите на Кумановската група. Таа повика сите Албанци да гласаат ЗА на референдумот.

Што вели таа на Фејсбук статусот? Ова е дел од статусот.
– на напорите на 20 албански делегати од Илинден
– на напорите на сите оние што се бореа во Втората светска војна
– на напорите на сите оние кои во 1991 година гласаа против едностраниот референдум
– на оние кои го основаа Тетовскиот универзитет
– на оние кои го бранеа знамето во 1997 година
………………….
Гласот ЗА на референдумот:
– го спречува вековното ропство на Албанците во Македонија
– отвора можност за владеење на законот и правото
– го спречува фингирањето на политички и кривични предмети
– нуди транспарентна економска конкуренција
– воспоставува еднакви права без разлика на расата, религијата, етничката припадност или социоекономската положба
– оневозможува корупција во здравството, образованието, полицијата, судството итн.
– го отвора патот за транспарентно и сеопфатно повторување на случаите како што се Монструм и Куманово 2015 врз основа на закон и факти

Излези гласај
– за европска Македонија– за безбедна и просперитетна иднина за нашите деца … ..

Во ова друштво на Заев, се најде и Бајруш Сејдиу кој беше осуден на 15 години затвор за злосторничко здружување, стечајни неправилности, фалсификат. Со законот за амнестија што го донесе оваа власт затворската казна на Сејдиу му беше намалена за 30 посто, по што тој излезе од затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top