Американскиот државен секретар Мајк Помпео порача дека од блиските односи меѓу САД и ЕУ зависи безбедноста и просперитетот на повеќе од една милијарда луѓе.
– Ова партннерство е неизоставен дел од нашата заедничка безбедност и просперитетот на повеќе од една милијарда луѓе од два континента, изјави Помпео.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, државниот секретар на САД ја истакна важноста на слободната и фер трговија на реципроцитетна основа во односите со ЕУ, енергетската безбедност и постојаната соработка со НАТО и Умијата во зацврстување на одбранбените капацитети на Европа и зголемување на инвестициите во одбраната на европскиот континент.
– Ги повикувам САД, Европа и Канада да продложат со заедничките напори за спротивставување на руската агресија во сите нејзини форми, за обезбедување глобален пораз на Исламската држава и за постигнување мир и стабилност во Сирија и Ирак, потенцира Помпео.
Тој ја повика меѓународната заедница да се приклучи кон напорите за стопирање на „постојаните деструктивни активности на режимот во Иран манифестирани низ целиот свет“ и да се обезбеди конечна и целосно документирана денуклеаризација на Северна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.