Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на дебатата на телевизија Телма рече дека македонскиот идентитет е потврден со Договорот со Грција.
– Ќе бидеме Македонци од Република Северна Македонија. Тоа е чувство, никој не може да ни го земе. Ќе се обратам во Парламентот на Република Северна Македонија, ама ќе зборувам за македонско девојче, македонска култура, за Македонски Брод. Никој повеќе на свет нема да не спори, сите не имаат признаено – рече Заев.
На поставено прашање од страна на публиката рече дека Уставот ќе претрпи четири промени, а тоа би поминало во Собрание со еден амандман.
Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее
1.Додавање на географска одредница
2.Преамбула за зајкнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМ
3. Член-3 – Зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, односно неповредливоста на границите. Да биде како во уставите на сите земји членки на ЕУ
4. Член 49-останува грижата за дијаспората комплетно, но по стандардите на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ, појасни премиерот Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст