Крунисување на брак да, но не и запросување. Запросувањето за време на Галичката свадба не е познато во полувековната историја на оваа свадба.
Бајракчијата Дејан Петроски, некаде помеѓу свекрвиното и невестинското оро, клекна на колена и ја побара неговата девојка Кристина Кипријановска, исто така учесничка на свадбата, со која се во врска околу пет години – јави Нова Македонија.
Инаку, вечерва официјално започна Галичката свадба, на која присуствуваа околу 1.500 посетители. Се изигра тешкото, се китеше и редеше бајракот, пукаа пушки, невестата отиде по вода, а највоодушевени беа посетителите, кои со овации го поздравуваа целото случување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Викендов Галичка свадба – Зурли штом диво ќе писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот
-
Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженците на 45. Галичка свадба
-
Избрани невестата и зетот на Галичка свадба 2018
-
National Geographic ја прогласи Галичка свадба за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа


