| четврток, 6 декември 2018 |

Клаудија Кардинале го посети Охрид: Воодушевена е од галеријата на икони и охридскиот бисер

Ѕвездата на годинашниов фестивал ИФФК „Браќа Манаки“, Калудија Кардинале и нејзината екипа, синоќа го посетија Охрид. Таа беше воодушевена од охридските бисери, природата и охридските цркви.

Директорката на ИФФК Браќа Манаки, Гена Теодосиевска јавно се заблагодаи на Завод и музеј Охрид и на директорката Елеонора Новаковска за тоа што овозмжи на светски познатата филмска дива Клаудија Кардинале и високите гости на фестивалот да се запознаат со културното богатство на Македонија. Гостите го посетија Охрид во понеделникот и иако беше неработен ден, директорката Новаковска овозможи тие сепак да ги видат вредните експонати на културното богатство на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top