Референдумот за договорот со Грција на 30 септември ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи, објави Државната изборна комисија на својата веб страница.
Најмногу акредитирани домашни набљудувачи имаат Цивил-Центар за слобода – 282, Националниот ромски центар Куманово – 46 и Инклузива 40, МОСТ ќе го следи референдумот со 12, а Здружението ЕДУЛСЈ со тројца набљудувачи.
Од странските набљудувачи најбројни се на ОБСЕ-ОДИХР – 188, на Амбасадата на САД – 35 и Мисијата на ОБСЕ во Скопје 12 набљудувачи.
Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го следи референдумот со осум набљудувачи, Амбасадата на Велика Британија со девет, амбасадите на Франција, Албанија и Унгарија со по шест, амбасадите на Турција и на Косово со по четири, Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС и Комитетот за отворена демократија со по тројца набљудувачи, а двајца набљудувачи ќе има невладината организација The Earth Saviours Foundation.
За следење на референдумот се акредитирани и 47 странски новинари.
Рокот за поднесување барања за акредитации за набљудување на референдумот истече ноќеска на полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст