Набљудувач од коалицијата „Сите за правично судење“ бил спречен да присуствува како јавност на рочиште за граѓанска клевета и навреда во Основниот суд во Битола. Од коалицијата реагираа дека спроведувајќи мониторинг на примената на домашните процесни закони и меѓународните стандарди за фер судење во рамки на проектот „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Р Македонија“ , набљудувачот бил спречен да присуствува во својство на јавност. Судијата кој го спречил набљудувачот да го следи судењето е Александар Илиевски.
„На 18.9.2018 година во предметот П5-5/18 основ – граѓанска одговорност за клевета и навреда, судијата кој го води предметот му оневозможил на набљудувачот да присуствува на главната расправа иако не донел решение за исклучување на јавноста, ниту, пак, ги образложил причините и основот за ислучувањето на јавноста“, пишува во реакцијата на коалицијата.
Од коалицијата потсетуваат дека во согласност со начелото на јавност на судските постапки, членот 102 од Уставот на Република Македонија и член 292 став 1 од Законот за парнична постапка, расправите пред судовите се јавни и на нив можат да присуствуваат сите заинтересирани полнолетни лица.
Законот за парнична постапка предвидува и исклучување на јавноста во одредени ситуации пропишани точно со законот, но исто така членот 295 вели дека за исклучувањето на јавноста одлучува советот со решение кое мора да биде образложено и јавно објавено. Исклучувањето на јавноста од главната расправа спротивно на законот е суштествена повреда на одредбите од парничната постапка.
Од коалицијата aпелираaт до судот дека присуството на набљудувачите на јавните расправи е со цел да се постигне целта на проектот давање поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда со посебен фокус на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во четирите апелациски региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип, која би укажала на почитувањето на основните начела на судската постапка и пристапот до правда на граѓаните на Р Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


