Денес во Кривичниот суд повторно имаше рочиште за предметот Титаник.
Ништо спектскуларно ново освен изјавата на обвинителкста Лиле Стефановска дадена во немоќ, дека не треба СЈО да ја докажува вината на обвинетите, туку обвинетите да ја докажат својата невиност. Уште поскандалозно е што судот премолчно го одобри тоа. Или пак се плашат да возвратат на СЈО. Инаку со ова СЈО во немоќ и очај да ја докаже вината на обвинетите, сака да воспостави нови правила, карактеристични за диктаторски режими.
Инаку, во судницата се пуштаат наводните телефонски разговори кои претежно се поврзани со организирањето на изборите во 2011та и дел од локалните во 2013та.
Сосема нормални разговори за време на изборна кампања кои ги прават активисти на секоја поголема партија.
Со нив СЈО не може апсолутноништо да докаже. Не само што станува збор за нелегално прибавени матерјали, копии од наводни разговори кои не се споредени со оргиналот, снимки кои согласно законот за приватност се дадени од СДСМ во СЈО со задоцнување од 30 дена од законскиот рок, туку дури и оние моменти на кои СЈО се надева неможат да се докажат.
На пример, наводен разговор помеѓу двајца во кои едниот вели дека треба да се дадат пари на Ромите во Струмица бидејќи СДСМ веќе пола од нив ги купиле, не е никаков доказ, бидејќи едно е да се предлага и разговара дека нешто треба да се прави, а сосема друго да се докаже дека е направено. Исто како што не е доказ дека навистина СДСМ половина од Ромите во Струмица веќе ги купиле. Но СЈО не е заинтересиран да го истажува и суди СДСМ туку само ВМРО.
Сите знаеме дека луѓето воопшто многупати разговараат за многу работи дека треба да се направат, но многу често тоа останува на обичен разговор без реализација, и неможе само на база на тоа некој да се осуди. Многу луѓе знаат често во телефонски разговор во нервоза за некого да кажат дека ќе го убијат, или тепаат или нешто слично, но потоа никогаш не го прават тоа.
Втор пример е давањето македонски државјанства на граѓани етнички Mакедонци кои живеат во Мала Преспа, Албанија.
Во наводните разговори се спомнува дека владата во континуитет им давала државјанства на што регирал и ДУИ.
Но, во наводните разговори се посочува и дека се давале во целост согласно закон, и со одлука на владата на секој поединечен човек. Едноставно тоа било политика на владата на Груевски, како што претходно било политика на владата на Георгиевски.
Всушност, луѓето од Мала Преспа имаат голема потреба од државјанство и затоа го бараат. Тие потреби се пред се здравствени бидејќи живеат во зафрлен крај во Албанија и имаат катастрофални здравствени услови.
Втора причина им е за можност за сопствено образование во Македонија на нивен мајчин јазик, како и други права кои како македонци по род сакаат да ги остваруваат, што е целосно по закон.
Затоа кај нив постоел интерес за добивање државјанство и сите влади на ВМРО им излегувале во пресрет. Давањето државјанства на македонци по род е дозволено согласно законот за државјанства. Разликата е во политиките. Политиката на СДСМ била да не им даваат државјанства, а политиката на ВМРО како партија која е настаната со огромни учество на дијаспората, била да даваат државјанства на македонците кои живеат надвор од Македонија. Покрај тоа, тие можеби имале очекувања и надеж дека тие на следните избори ќе гласаат за ВМРО, но факт е дека секој човек кога ќе застане зад параванот за гласање, самиот одлучува што ќе заокружи, бидејќи гласањето е тајно.
Интересно е и обвинението заради тоа што партијата организирала кол центри. Тоа го прават сите поголеми партии во Америка и Европа и никаде не е казниво, напротив дозволено е. Истото го прави и СДСМ. Сликовито тоа изгледа вака: една или неколку соби во кои има партиски активисти кои по телефон се јавуваат и агитираат, ги убедуваат граѓаните кои прифаќаат да разговараат со нив да гласаат за нивната партија, заради добри проекти во програмата, зголемување плати и пензии и се останато што партиите го прокламираат во избори.
Тоа е истото што го прават партиските преставници кога одат од врата на врата, истото што го прават преку настапи на телевизија и радио или на платен простор на портали, весници, билборди, лифлети и плакати, го прават и по телефон.
Зошто за СЈО агитирање, убедување, објаснување проекти, лобирање и слично, ако е од врата на врата или на телевизија е законски, а ако е по телефон е незаконски никој неможе да разбере.
И што е најинтересно, некаде во 2008мата токму меѓународниот републикански институт(ИРИ) има организирано повеќедневен бесплатен партиски престој на по неколку преставници на поголемите партии од Македонија во Америка за време на изборите таму.
Десетина или повеќе партиски преставници ги однеле и во таборот на републиканците, и во таборот на демократите да видат како тие водат кампања и да го надоградат своето знаење и вештини за организирање избори.
ВМРО и СДСМ пратиле по тројца преставници, главно шефови на кампањи и луѓе што им се главни организатори на кампањите.
Меѓу останатото, тогаш за прв пат виделе како изгледааат кол центри во двата партиски табора, кои подоцна ги примениле и во нивните кампањи во Македонија.
Разликата е што во Америка по телефон се јавуваат да убедат гласачи илјадници активисти на партиите, а во главните македонски партии тоа не се повеќе од по 100 луѓе во партиите. Се друго е исто.
Најголем дел од разговорите се празни муабети. Разговори во кои поединци разговараат околу кандидати за градоначалници, како да се превезат државјани на Македонија кои живеат во Италија, а сакаат да допатуваат во Македонија да гласаат на изборите, како да агитираат меѓу гласачите, како ги распределуваат изборните програми, како лобираат кај повидни луѓе да им помогнат со своето влијание во изборите и слично.
Ништо спектакуларно, никакви докази за некој да биде осуден дека прекрашил закон.
Но, бидејќи 90 осто од присутните новинари во салата во судот се од медиуми контролирани од власта, тие преку своите портали, веб страни, , телевизии и сл. ја бомбардираат јавноста солажни вести, со искривоколчени извештаи, вадења од контекст, полувистини и најмногу од се бомбастични наслови кои немаат врска со реалноста. Судењата се всушност гола и валкана пропаганда на СДСМ, исто како и обвиненијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


