| четврток, 6 декември 2018 |

Моника Белучи на Модната недела во Милано (фотогалерија)

Легендарните актерки Моника Белучи и Изабела Роселини, потоа поранешната прва дама на Франција Карла Бруни, плус сајз моделот Ешли Грем и првата црномуреста членка на британското кралско семејство Ема Вејмут прошетаа на пистата заедно со некои од најголемите манекенски имиња на ревијата на прославениот италијански моден бренд „Долче и Габана“ на Модната недела во Милано.

Меѓу познатите лица кои ја промовираа новата колекција на овој познат италијански бренд беа и Хелена Кристенсен, Ева Херцигова и Карла Бруни, Леди Кити Спенсер и 70-годишната мајка на Илон Маск, Меј.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top