Во Музејот на современата уметност вечер од 20 часот ќе биде одбележан кинескиот „Празник на средината на есента“.
Настанот го организира Министерството за култура преку Координативниот центар за културна соработка меѓу Кина и земјите од Цетрална и Источна Европа, во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Амбасадата на НР Кина во Македонија.
Според кинескиот календар, фестивалот се одржува на денот кога Месечината е сосема тркалезна и го симболизира обединувањето на семејството и е период кога семејствата и пријателите се собираат заедно за да прослават.
На настанот ќе биде претставена кинеската традиционална култура – поетско читање, изведба на традиционална музика со кинеска цитра, презентација на уметноста на калиграфијата и други елементи на кинеската култура.
Настанот ќе го поздрават министерот за култура Асаф Адеми и кинеската амбасадорка Јин Лисјен.
###
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст