На влезот од Бакингемската палата наменет за посетители, денеска бил уапсен маж кој носел оружје, соопшти лондонската полиција.
Човекот на возраст од 38 години, чиј идентитет не е откриен, бил уапсен под сомнение дека носел пиштол за електрошокови, објави агенцијата АП.
Уапсениот се наоѓа на распит во полициска станица во Лондон, а засега не е обвинет.
Осомничениот го уапсило обезбедувањето на палатата, по што и бил предаден на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.