| четврток, 6 декември 2018 |

Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма

Во период од 23:30 до 7:15 часот во Гевгелија на улицата „Индустриска“ во хала на приватна фирма извршена е тешка кражба.

Сторителот влегол преку  прозорец  во канцеларија, каде од метален сеф кој насилно го отворил, одзел еден милион денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

 

извор: 24info.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top