Утре и во понеделник во текот на денот ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината.
Утре ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 6.
Дневната температура ќе се движи од 25 до 33 степени.
Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која и во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени локални врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.