| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Перуанска Амазонија“ во Археолошки музеј на Македонија

Во Археолошкиот музеј на Македонија вчеравечер беше отворена патувачката изложба „Перуанска Амазонија” што се реализира во соработка со почесниот конзулат на Перу во Македонија и на која беа изложени 60-тина фотографии од 18 автори.

Изложбата во Музејот, што ќе трае до 3 октомври, ја подготвија вработените Елена Рафајловска и Марјан Јагликовски.

„Изложените фотографии ја претставуваат културата на традиционалните амазонски народи, култура која е поинаква од онаа на западната цивилизација. Фотографиите сведочат за животот покрај реката Амазон кој е практично непроменет со векови поради хармоничниот однос на овие заедници со животната средина“, велат од Археолошки музеј.

Почесни гости на изложбата беа заменик амбасадорот на Перу во Романија, Карлос Бариос и почесниот конзул на Перу во нашата земја, Ненад Јаничевиќ, врз чија идеја се заснова изложувањето на оваа импресивна збирка пред македонската публика.

По презентирањето во Археолошки музеј, изложбата ќе биде поставена во Уметничката галерија на НУ Музеј Куманово во периодот од 9 до 19 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top