„Ниту Заев, ниту Ципрас изгледа не ја знаат историјата на Преспа, оти тука се имаат случено големи злосторства, а најголемото било во август 1949 година кога селаните од селата во Мала Преспа бегаа пред монархистичките сили да пребегаат за Албанија и беа бомбардирани“, рече денеска битолскиот историчар Јован Христовски кој живее и работи во Шведска, на промоцијата на неговата книга со колумни „Бегството на Зорба“. „Таму има неколку стотици жртви цивили кои се погребани во масовна гробница во Роби, на само неколку километри каде што беше потпишан Преспанскиот договор“, напиша Христовски во една од неговите колумни.
-Заев требаше да понесе еден венец и кога тргнаа на пат од Нивици за Отешево на свечениот ручек, требаше венецот да го спушти во водите на Преспанското Eзеро како една почит кон цивилите Македонци кои беа бомбардирани и загинаа тука, на местото каде што беше потпишан Договорот– рече Јован Христовски.
Тој, со својот активен однос кон сегашните случувања, смета дека промената на името ќе создаде бесперспективност.
-Мојот став е дека јазикот и идентитетот се многу важни и да се зачуваат. Додека за името, за жал, тука не се криви само Грците или нивниот притисок, туку и ние внатре си ги имаме измешано работите, така да мораше да се најде некое решение заради младите во Македонија, за да може како земја да оди напшред – рече Христовски.
Христовски живее во Упсала и во тамошната библиотека дојде до историографска литература, која фрла поинаква светлина на случувањата околу атаките врз македонскиот идентитет од страна на соседите. Насловите на колумните се интригантни, како – „Трговија со идентитети“, „Јужната македонска граница и преговорите со Грција“, „Културниот геноцид во Егејска Македонија“, „Етничка или граѓанска македонска нација“ итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст