| четврток, 6 декември 2018 |

Партиска фарса наместо фер судење: Судијката Кацарска му дозволи на Нухиу да се однесува како експерт наместо како сведок

Поранешниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу наместо како сведок денеска во судот се однесуваше како експерт. Имено, скандалозно е што наместо да одговара на прашања, судијката Добрила Кацарска дозволи да чита правилници.

На прашањето од обвинителката што правел тој на критичниот 27 април како министер за внатрешни работи, Нухиу побара, а Кацарска му дозволи да чита правилници од МВР за начинот на дејствување на министерството, за дејствување на БЈБ…

На ваквиот однос приговараше адвокатот Сашо Дуковски, кој посочи дека сите знаат што значи давање исказ, а што академско излагање и побара сведокот да одговара на директното испрашување.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, пак приговараше дека Нухиу се сведок, а не вешток лице и нема својство и знаење на вештак и не е надлежен да дава толкување на прописи и закони.

Судијката Кацарска ги одби барањата на адвокатите и дозволи, Нухиу наместо директно да одговара на прашање на обвинител, да чита процедури и прописи во МВР.

По повеќе приговори од адвокатите, Кацарска сепак донесе одлука Нухиу само директно да одговара на прашањата што му ги поставуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top