По денешната објава на ,,Лидер” дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов узурпира државно земјиште со неговата викендица во Маврово, екипа на медиумот предводена од уредникот Љупчо Златев се упати на терен да ја сними ситуацијата.
- Две лица со џип Ленд Ровер дојдоа и не попречуваа да снимаме на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Лицата се снимени и снимката ќе ја покажеме подоцна – објави Златев.
Во телефонски разговор со „Република“, градоначалникот Шилегов денеска најави дека планира соодветна тужба против новинарот Љупче Златев.
Повеќе детали за настанот:
Шилегов спрема тужби: Не се работи на дворот, само на куќата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.