| четврток, 6 декември 2018 |

Морничав напад – воспитувачка искасапила деца во градинка и си ги пресекла вените (Видео)

Најмалку 5 лица се избодени со нож, вклучувајќи и три деца во јасли во Квинс, соопштила денеска полицијата

Возраста на децата не е позната, но за едно девојче се знае дека е во критична состојба, соопштила полицијата.

Две лица, еден маж и една жена исто така се избодени и немаат повреди опасни по живот, но еденод нив се здобил со сериозни повреди.

Според првичните информации инцидентот се случил во градинка, а нападот го почнала воспитувачка.

Жена со рани кои сама си ги нанела била уапсена, соопшти полицијата.

Наведено е дека 52-годишната жена е најдена во подрумот на јасли делот со повреда на левиот зглоб кој сама си го пресекла.

Засега не се знае мотивот за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top