| четврток, 6 декември 2018 |

АВМУ: Анкети заклучно со 24-ти, референдумски молк од 28. септември

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24. септември 2018 година (понеделник).

– Референдумскиот молк започнува 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28. септември 2018 година (петок) и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30. септември 2018 година. За време на молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот, се наведува во соопштението на АВМУ.

За повеќе детали што сé се смета за прекршување на молкот, радиодифузерите да го консултираат Упатството за медиумско претставување за време на референдум, достапно на веб- страницата на Агенцијата во банерот РЕФЕРЕНДУМ 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top