Позициите на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа и ставот дека партијата нема да гласа за ратификацијата кога Договорот ќе дојде во грчкиот парламент, му ги пренел Кирјакос Мицотакис на министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, соопштуваат од Нова демократија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мас се сретна со Мицотакис кусо откако имаше средба со шефот на грчката дипломатија во рамките на неговата посета на Грција.
– Господинот Мицотакис ги повтори позициите на Нова демократија, ставајќи го акцентот на трите елементи име-јазик-националност и потврди дека Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа кога и да дојде во парламентот, соопштуваат од Нова демократија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст