| четврток, 6 декември 2018 |

Носел и пиштол: Роднината му дошол во двор и со бензин му ја запалил кантата за ѓубре, пожарот ја зафатил и плевната

Во текот на вчерашнииот ден, околу 15 часот во с. Кадино, скопско, било пријавено дека во дворот од куќата сопственост на С.Ѓ. (48), И.В. (42) од с. Кадино, со кој се во роднинска врска и со нарушени меѓусебни односи, дошол со канта бензин и ја запалил кантата за ѓубре, по што пожарот ја зафатил и плевната, која била делумно опожарена.

Пожарот бил изгаснат од месното население и екипа на Бригадата за противожарна заштита. Повредени лица нема, а И.В. бил лишен од слобода и кај него бил пронајден еден гасен пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top