Принцот Хари признал дека и ден денес паничи кога ќе ја здогледа баба му кралицата Елизабета Втора низ ходниците во Палатата
Во документарецот „Queen of the World“ кој наскоро ќе излезе на телевизија, внукот на кралицата Елизабета, принц Хари, разговарал со посетителите од Карибите кои ја посетиле Бакингемската палата и ја искористил таа прилика за да се пошегува со нив.
„Вие поминавте многу повеќе време во Бакингемската палата од мене, а овде сте само две недели. Дали се сретнавте со кралицата? Ако случајно налетате на неа во минување, не паничете. Знам дека ќе го сторите тоа. Сите ние паничиме!“, рекол принцот на шега, но колку вистина има во тоа, допрва ќе дознаеме.
Хари и сите останати членови на кралското семејство ќе учествуваат во снимањето на документарецот за кралицата Елизабета Втора и Комонвелтот, а јавноста сигурно најмногу се радува поради тоа што ќе ја види сопругата на Хари, Меган Маркл која исто така ќе биде дел од филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст