| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на две книги за 10 години од обновувањето на „Нова Македонија“

По повод 10 години од обновувањето на „Нова Македонија“, редакцијата на весникот денеска ќе промовира две книги – „Погледи кон светилникот“ на авторите Венко Андоновски, Билјана Ванковска, Александар Русјаков, Сашо Клековски, Ефтим Клетников и Ставре Џиков, и „Македонија во рингот“ на Александар Димковски, главен уредник на весникот.

– Повод за објавувањето е 10-годишнината од обновувањето на весникот „Нова Македонија“ кој како своја темелна вредност и прва должност ги има утврдено почитта кон вистината и правото на јавноста за дознавање на вистината, соопшти „Нова Македонија“ по повод промоцијата на двете книги кои се во издание на „НИК Нова принт“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top