| четврток, 6 декември 2018 |

Со фотка од пелените Шилегов ги убедува станарите дека во зградата имаат депонија, но не е опасна

Станот број 11 ќе се дезифицира ,а миризбата и штипењето на очите кај дел од станарите било од амонијак од пелените , кои биле чувани во станот. Службите за социјална заштита вечерва биле кај жените , така што ќе го преземат случајот , рече градоначалникот на Скопје , Шилегов доцна вечерва.

Освен противопжарните екипи, Итнатат помош, инспекциите  и полицијата , вечерва во зградата пристигнаа и припадници на Армијата од АБХ единицата, за да утврдат од каде доаѓа загадувањето и колку е опасно.

-Веројатно знаете во текот на попладневните часови од влезот 1 приијавија непријатна миризба и кашлање. Влезот од згградата беше евекуиран, го обезбедивме просторот, моравме да повикаме посебни едници кои испитаа ниво на токисини. Во станот 11 е откриена просторија преполна со користини мелни пелени кои не биле фрлени и има зголемена количина на амонијак, што не е штетно по здравјето. Во станот 11 се врши увид, каде што се наоѓа изворот. Потоа ќе се пристапи со дезинфекција на целата зграда. Повикани се и од Центарот за социјални грижи за станарите од станот 11. Живеат две жени во тој стан, едната е скоро 90годишна жена. Обезбедивме заштита на граѓаните и немаме пријавено последици, рече Шилегов.

Станарите вечерва ќе можат безбедно да се вратат во своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top