| четврток, 6 декември 2018 |

Лион го шокираше Сити, Реал ја победи Рома, Јувентус и без Роналдо ја освои „Месталја“

Големи возбудувања донесоа вечерашните мечеви од групите Е, Ф, Г и Х со кои беше затворено првото коло во Лигата на шампионите.

Најпријатното изненадување го направи францускиот прволигаш Лион кој како гостин триумфираше над англискиот шампион Манчестер Сити со 2-1. Гостите во првиот дел дојдоа до убедливо водство од 2-0 со погодоците на Корне и Фекир, предизвик на кој „граѓаните“ не успеаја да одговорат во продолжението или поточно само еднаш го најдоа патот до мрежата на Лопез преку Силва во 67 минута.

Реал Мадрид во групата Г и одржа лекција на Рома на „Сантијаго Бернабеу“. Европскиот шампион доминираше на теренот, а таа своја игра ја круниса со погодоци на Иско, Бејл и Маријано.

Во Шпанија пак се одигра и средбата меѓу Валенсија и Јувентус која заврши во полза на италијанскиот првак со 2-0. Меѓутоа пред Пјаниќ да ги искористи двата удари од 11 метри во 45 и 51 минута гостите од Торино останаа без својата прва ѕвезда Роналдо кој доби директен црвен картон по половина час игра.

Од вечерашните средби да се издвои и триумфот на Јунајтед кај Јанг Бојс од 3-0, средба на која Погба блескаше со два гола и асистенција, а во листата на стрелци се запиша и Марсијал.

На останатите дуели беа поставени следниве резултати:

Бенфика-Баерн М 0-2

Плзен-ЦСКА М 2-2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top