| четврток, 6 декември 2018 |

Јанушев: Граѓаните се свесни што се случува, огромно мнозинство нема да дадат поддршка на овој штетен договор

Со посета на општините Карбинци и Чешиново-Облешево и средба со граѓаните, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денес ги продолжи теренските активности.

-Продолжуваме со она што го правиме веќе извесен период, се среќаваме со граѓаните и разговараме во однос на најактуелната тема тоа е договорот за промена на уставното име, промена на идентитетот, промена на јазикот на нас Македонците со граѓаните во овие општини. Она што е евидентно и што можеме да го видиме од овие средби дека сепак граѓаните се свесни што се случува во нашата држава и дека во огромно мнозинство истите нема да дадат поддршка на овој штетен и капитулантски договор кој што владата предводена од Зоран Заев го потпиша со соседна Република Грција, истакна Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека она што е така исто интересно е фактот дека манипулацијата од страна на власта е по се евидентна.

-Имено нема да имаме во Македонија подобро здравство, нема да имаме подобри административни услуги, нема да имаме подобро школство, и она што можеби е најбитно за луѓето кои што живеат во овие 2 општини нема да имаме подобрување во земјоделието нити повисоки откупни цени доколку граѓаните излезат и гласаат ЗА. Тоа е она што како манипулација веќе месец дена речиси го гледаме од страна на владата предводена од Зоран Заев на еден манипулативен и крајно низок начин се обидува граѓаните да ги наведе на погрешен чекор. Сите овие работи кои ги набројав може да се остварат само со реална работа со исполнување на реалните ветувања од страна на политичарите а не на ваков крајно манипулативен и нечесен начин. Ние како партија веруваме во нашите граѓани, ние сме секојдневно со народот и сме убедени дека на крајот на денот односно на 30-ти септември граѓаните на Република Македонија знаат како да одлучат и пред се како да постапат на самиот ден на гласање, нагласи Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top