| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не крева слушалка да каже дали Шилегов со коцки од град Скопје ја гради викендичката во Маврово

Порталот „Лидер“ објави фотографии од луксузната вила на скопскиот градоначалник Петре Шилегов која се гради во Маврови Анови. Како што објавува порталот, во дворот на викендичката се реди гранитна коцка, која што, според информациите на „Лидер“  е од депоата на град Скопје, а која била извадена од скопскиот плоштад и улицата „Македонија“.

Редакцијата на ,,Лидер” телефонски разговарала со портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху. „Лидер“ го прашал Салиху дали вилата на  Шилегов во Маврови Анови, во дворот се поплочува со гранитна коцка која била извадена од плоштадот и улица „Македонија“.

Салиху изјавил дека е на одмор и пратил мобилен телфон од извесен Влатко и мејл за контакт со медиуми. Но, извесниот Влатко не одговорил на телефонските повици, а не одговорил ниту на прашањата пратени по имејл. Порталот објавува дека не им било дозволено да направат фотографии од депото во град Скопје, за да проверат дали уште таму стојат коцките кои беа извадени од плоштадот и улица „Македонија“.

На Шилегов очигледно му недостасува старо Скопје, но наместо да го гради Скопје тој гради во Маврово, во дворот на неговата луксузна викендичка.

Додека скопјани скоро година дена немаат видено ниту еден проект од Шилегов, а започнатите од претходнатаа власт се уште каскаат, Шилегов интензивно гради на своите приватни парцели. Сега гледаме зошто таткото на градот нема време за Скопје и градските пробелеми, се вели во текстот на „Лидер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top