| четврток, 6 декември 2018 |

По топлото лето, нѐ чека постудена зима

Славчо Попоски, самоук метеоролог, прогнозира дека по топлото лето, нѐ чека постудена зима од вообичаено.

-Сега сме во поле на висок воздушен притисок, стабилна и невообичаено топла маса, која ќе потрае отприлика до понеделник. Температурите ќе бидат над просекот, некаде и за 7 до 8 степени повисоки од просечните. За викендов и во понеделник во централните и југоисточните делови од државава температурите да се искачат и до околу 35 целзиусови степени, прогнозира Попоски.

Тој вели дека нема причина за паника зимава, но ќе биде постудена отколку изминатите години, со повеќе врнежи, на снег и на дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top