| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични за двајца малолетници од Битола, три пати силувале исто дете

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола за сторени три кривични дела “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 16/17.04.2018 година Битола на улица “Караорман”, во домот на првопријавениот, истиот извршил обљуба врз 12 годишно дете од Битола. Во летниот период во 2017 година на паркинг-простор во Битола второпријавениот извршил обљуба врз 12 годишното дете.

Исто така, во февруари 2018 година во Битола, второпријавениот извршил други полови дејствија врз истото дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top