Група кавадарчани денеска стартуваше со велосипедска тура „Од срце за Тоше”. Тие со велосипеди тргнаа од Нова Градишка, каде што загина македонскиот пејач и ќе возат 7-8 дена, околу 1.100 километри до неговото Крушево.
Пред стартот на акцијата, кавадарчаните положија свежо цвеќе пред споменикот на Тоше во Нова Градишка.
– Екипа сме од четворица велосипедисти, членови на „Тиквешки точакџии” од Кавадарци. Со автомобил стигнавме до Нова Градишка. Тројца ја минуваат маршутата на велосипед, а еден го вози автомобилот назад, како техничка подршка и заради безбедност, рече Ѓорѓи Белевски за МИА.
Тој го вози автомобилот, а на велосипед се Драган Јованов, Марјан Хаџи-Мустафов и Тони Стефанов. Ќе се преноќува во шатори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст