| четврток, 6 декември 2018 |

Судијката Гошева: На одлуката за распишување на референдумот ѝ фалат 4 од вкупно 7 елементи

Одлуката за распишување на референдумот од 7 не содржи дури 4 елементи, рече судијката известител Елена Гошева на денешната седница на Уставниот суд, каде се разгледува иницијатива за оспорување на уставноста.

Како што објасни Гошева, прашањето е манипулативно повеќезначно, видот на референдумот не е јасен, не е наведен целосниот назив на Договорот со Грција.

Таа бара судот да поведе постапка за оценување на уставноста на одлуката и да се донесе временска мерка за стопирање на активностите поврзани со референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top