Буш се јавува кога македонскиот народ треба да одлучува.
Пораката од поранешниот американски претседател Џорџ Буш испратена денеска, дека не охрабрува да излеземе и да гласаме ЗА на референдумот доаѓа неколку дена пред одржувањето на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија. Исто како што првото јавување на Буш дојде неколку дена пред референдумот со кој се откажавме од Струга, Кичево, Тетово.
Тогаш референдумот не смееше да успее, сега – референдумот мора да успее.
Соединетите Американски Држави ја признаа Република Македонија под уставното име на 4 ноември 2004 година, три дена пред да се одржи референдумот за новата административна поделба, со која се албанизираа делови од земјата (Струга, Кичево, Тетово) и се воведе двојазичност на Скопје. Признавањето на уставното име од САД значеше повеќе од сигурен неуспех на референдумот во кој граѓаните требаше да се изјаснат за или против Законот за територијална поделба.
САД се согласија да го користат нашето уставно име само за билатерална употреба, иако тогаш тоа не се обелодени, а во Република Македонија се изврши нова територијална поделба, после која Струга, Кичево, Тетово, станаа доминантно албански градови, а во Скопје се воведе двојазичност.
Во тоа време на чело на САД беше Џорџ Буш помладиот, а претседател на Република Македонија беше Бранко Црвенковски.
Иронично, но никако не е коинциденција, повторно се јавува Џорџ Буш помладиот во превечерието на референдумското изјаснување за промена на уставното ием кое тој го призна пред 14 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст