| четврток, 6 декември 2018 |

Мета-Тачи: Албанските партии во Македонија да гласаат ЗА сигурна иднина


Претседателот на Република Албанија Илир Мета оствари средба со претседателот на ДПА , Мендух Тачи.
Претседателот Мета го пофали позитивниот пристап на македонската влада за сеопфатни реформи и важниот придонес на албанскиот политички фактор врз овие витални процеси.

„Претседателот Мета истакна дека албанскиот политички фактор во Македонија имаше и сеуште има незаменлива улога во процесот на внатрешна, социјална и политичка трансформација, како и за интеграцијата на Македонија во евро-атлантските организации. Нагласувајќи ја важноста од брзата европската интеграција на нашите две земји и регионот, претседателот Мета истакна дека Македонија е во многу пповолен и оптимистички момент за решавање на спорот со Грција. Претседателот Мета повика Албанците во Македонија да учествуваат на референдумот на 30 септември и да гласаат “ЗА” европската иднина на земјата“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top