| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во средното фискултурно училиште: Татко нападнал професор зошто му го избркал синот од час

Вчера околу 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, М.Н. (40) пријавил дека истиот ден околу 11 часот во средното училиште “Методија Митевски-Брицо“ повеќе пати предупредил ученик дека го нарушувал часот со неговото однесување и од страна на М.Н. бил отстранет од час.

По завршување на часот М.Н. му укажал во иднина да не влегува на час ако планира да ја нарушува наставата, а ученикот почнал вербално да се заканува по што од страна на обезбедувањето ученикот бил отстранет од училиштето.

Во 12.10 часот во училишниот двор пријавителот го забележал родителот на ученикот кој го повикал да зборуваат и откако му било укажано на истиот дека неговиот син бил проблематичен физички го нападнал М.Н.. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top