| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за 20-годишен тетовец, во една вечер нападнал петмина

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Д. (20) од Тетово, за сторени кривични дела „насилство“ и “напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

На 20 август годинава во времето од 02 до 03 часот во Тетово, на раскрсницата помеѓу улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“, пријавениот, физички ги нападнал Б.П. (18) од Тетово и едно малолетно лице. При тоа, Ф.А. (46) од Тетово се обидел да му помогне на малолетното лице, при што пријавениот физички го нападнал истиот.

По добиен повик, на местото на настанот пристигнале двајца вработени од Агенција за обезбедување на лица и имот по што пријавениот ги попречувал да излезат од возилото, а потоа физички ги нападнал истите, нанесувајќи им телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top