Ракометниот клуб Металург од денеска има нов претседател, станува збор за досегашниот генерален секретар на Металург Зорица Молкоска Блажевска, која доаѓа на местото на Зоран Цветановски, досегашниот претседател на Металург.
Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака за изборот на Блажевска на оваа функција и таа веројатно е првата жена-претседател во клубовите што настапуваат во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите.
Одлуката е донесена денеска и Блажевска во моментот е в.д. претседател, чие официјално назначување ќе се случи на следното собрание на Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст